Акс Груп Мебел ДОО со седиште на Индустриска бр1 во Неготино е компанија која е основана во 2019 година. Нашата компанија е регистрирана за домашен и надворешен платен промет со активности на Македонскиот платен промет како и извозни активности. Нашата компанија е ДДВ обврзник со регистрационен број МК4057019548526.
Во почетните фази на развој нашата компанија АКС Груп Мебел ДОО произведуваше полу-производи и компоненти за големите производители на кревети во регионот и во Германија. Чекор напред во развојот на компанијата е инвестирањето во нова производствена линија и додавање на нови машини како дополнение на машините кои ги имавме до тогаш. Инвестиција во опрема и машини која беше силно иницијално поддржана преку кредитна линија од Халк Банка АД Скопје и нивниот визионерски тим кој веруваше во идеата за создавање на домашен производ кој ќе биде конкурентен на регионалните и светски пазари.
Првата година од новиот предизвик наречен производител број 1 во Македонија на детски кревети изработени од дрво значеше извоз на повеќе од 5000 кревети на пазарите на Европската Унија генерално преку големите ланци на маркети. Следен чекор во развој на нашата компанија е развој и етаблирање на нашиот сопствен бренд МЕБЕЛ МАК МАКЕДОНИЈА кој полека но сигурно станува број еден избор на луѓето што бараат кревет од дрво изработен по највисоки стандарди за квалитет со современ дизајн.
Во моментот нашата компанија брои околу 30 посветени вработени кои се основата на нашиот успех. Во однос на човечкиот капитал и знаење можеме слободно да кажеме дека нашиот тим е составен од искусни кадри и млади и амбициозни менџери.
Нашата мисија и визија е брендот МЕБЕЛ МАК да стане регионално препознаен како прв избор на мебел изработен од масивно дрво.
Повелете уверете се во квалитетот и безвременскиот шарм кој го нуди дрвото како парче мебел со вечна актуелност.